недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 23
home Вести

Тендерот на КИЦ бил техничка грешка, на хонорари ќе се потрошеле само 20 илјади евра

Тендерот на КИЦ бил техничка грешка, на хонорари ќе се потрошеле само 20 илјади евра

Откако Курир.мк објави вест дека ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје ќе потроши 20 милиони евра за авторски договори, чиј договор е склуен со фирмата Друштво за деловно посредување и застапување на авторските права МОТИВИ ПЛУС ДООЕЛ Скопје, град Скопје се огласи дека наместо 20 милиони ќе потрошеле 20 илјади евра.

Во продолжение интегрален текст од демантот на Град Скопје 

„Ви пишуваме во врска со вашата објава (https://kurir.mk/makedonija/vesti/javno-pretprijatie-od-skopje-kje-potroshi-20-milioni-evra-za-avtorski-dogovorii/) со објаснување дека станува збор за техничка грешка.
Јавната набавка не е распишана на оваа сума, туку на многу помала, односно на 20 000 евра.
Инаку за информација и споредба, вкупниот годишен буџет (вклучувајќи плати за вработените и годишна програма) на КИЦ е околу 20 милиони денари па од тука невозможно е да се распише набавка на сумата што е објавена на порталот.
Но, во секој случај ви благодариме на укажаната техничка грешка којашто веќе е корегирана од страна на јавното претпријатие. “

Коронавирус