среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Тендери во пандемија: Лауренчиќ добила 300 000 евра за организирање настани

Тендери во пандемија: Лауренчиќ добила 300 000 евра за организирање настани

Ангелка Пеева Лауренчиќ од ЛДП земала државни тендери за маркетинг со нејзината фирма во износ од 300.000 евра, пренесува Страна.мк.

-Изминативе две години две фирми поврзани со Ангелка Пеева Лауренчиќ од ЛДП земала тендери од речиси 300.000 евра.

Пеева Лауренчиќ е член на ЛДП и беше една од имињата кое се споменуваше за можен претседателски кандидат на партијата, а јавноста ја памети од старите парламентарни состави како пратеник од редовите на ЛДП.

Таа покрај својата политичка кариера, е сопственик на неколку фирми, како Имаге ПР и Идеа Плус. Едната се занимава со стратешки ПР, втората со маркетинг.

Според јавните податоци објавени на е- набавки може со лесно пребарување да се дојде до фрапантни податоци. Речиси 200 илјади евра земала агенцијата Идеа Плус Комуникејшен Скопје од тендери изминативе две години за промоција и организирање на настани. Овие средства се дадени во година кога нема одржување на настани поради пандемијата.

Во време кога здравството е пред колапс, економијата е на колена, а државата масовно се задолжува, наместо за вистински цели, парите на граѓаните се трошат за несуштински потреби. Во пракса се гледа давањето тендери меѓу колационите парнтери кое функционира беспрекорно.

Тендерите започнале во 2019 година кога во април месец Агенцијата добила тендер од речиси 50.000 евра од Министерството за финансии за организирање на настани.

Слична сума на средства добила од Агенцијата за храна и ветеринарство минатата година во мај за организирање на Јавна кампања за африканска чума со видео и аудио спотови плакати и билборди.

Во време на пандемија дадени се средства потребни за здравството за кампања што реално Македонија немала потреба да ја спроведе. Покрај тендерите од Агенција за електронски комуникации, Идеа Плус добивала тендери од Фондот за иновација за организирање на настани во година на пандемија, пишува порталот.

ЕУРО 2020

Македонија