сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Температурите се повеќе паѓаат – Временска најава за викендот

Температурите се повеќе паѓаат – Временска најава за викендот

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Локално ќе има изолирана појава на краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје, умерено облачно со умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде посвежо со повремени врнежи од дожд.