сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 67
home Вести

Температури под нулата: На овие места во Македонија утрово беше најстудено

Температури под нулата: На овие места во Македонија утрово беше најстудено

Во Маврово утрово е најстудено, -6 степени, а максимални четири се измерени во Дојран и Гевгелија.

Во Крива Паланка е  -4 , Берово и Крушево, -3 во Тетово, Битола и Охрид, -2 во Прилеп, Претор и Струмица, -2 во Демир Капија, Куманово и Тополчани, -1 во Штип и нула во Скопје, информираат од УХМР.

Висината на снежната покривка до седум часот е 13 сантиметри во Маврови Анови, четири на Попова Шапка и еден во Лазарополе.

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Од изутрина и особено долж Повардарието ќе дува умерен до повремено засилен претежно северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Коронавирус