сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 12
home Вести

Tемператури под нулата: Каде е најстудено утрово?

Tемператури под нулата: Каде е најстудено утрово?

Maкедонија се разбуди со температури под нулата.

Измерени се -3 степени во Берово, -2 во Лазарополе, 0 во Крива Паланка, Скопје Петровец, Крушево, Струмица, 1 во Претор, Битола, 2 во Тетово, Демир Капија, 3 во Охрид, Ѓуриште, Тополчани, 4 во Пожаране, Штип, Куманово, 5 впо Скопје, Прилеп, 6 во Гевгелија, 7 во Дојран.

Максимална температура ќе се движи од 16 до 24 степени. 

Во земјава денеска времето ќе биде сончево со умерен, локално повремено и засилен североисточен ветер.

Времето ќе биде стабилно и утре, со ниски утрински температури кои на места ќе се спуштат и под нулата. Преку денот ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури. Облачноста ќе се зголеми од сабота, а во следните денови ќе има повремен локален дожд.

Коронавирус