вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

„Телма“: Сопруга на вработен во СЈО го издала боледувањето на Јанева

„Телма“: Сопруга на вработен во СЈО го издала боледувањето на Јанева

Директорката на психијатриската болница во Негорци, Љуба Цилкова го издала боледувањето за специјалната обвинителка Катица Јанева, дознава Телма, а истите извори велат дека нејзиниот сопруг е вработен во СЈО.

-Вработените во обвинителството потврдуваат дека Методи Цилков кој е сопруг на докторката е вработен во приемното одделение. И двајцата по потекло се од Гевгелија од каде доаѓа и Јанева, објави телевизијата.

Од Телма се обиделе да ја проверат информацијата во болницата, но никој не се јавувал на фиксниот телефон.

-Од СЈО пак само кусо одговараат дека боледувањето било прекинато за осум дена, но и по една недела нема одговор на колку денови било дадено. Вчера пак пратеникот Антонио Милошовски објави фотографија на која пишуваше дека е дадено на еден месец. Повика да се испита дали е дадено наменски, бидејќи се совпадна со денот на нејзината оставка но и со притворањето на двајцата осомничени во Рекет со кои се поврзува и името на Јанева, објави Телма.

Коронавирус