Потписот на спорната одлука на владата за избор на надзорен одбор на М-НАВ е на генералниот секретар на владата Драги Рашковски, објави телевиизја Телма.
Името на членот на надзорниот одбор Едмонд Калиќи кое е прешкртано било печатна грешка, така го објаснува ова секретарот на владата за телевизијата. Тој имал право да го стри ова, односно да го пречкрта името на еден од членовите и со пенкало да допише друго. Изјава во камера не сакаше да даде и да и објасни на јавноста како е можно една одлука на влада да биде со печатна грешка па со пенкало потпис и печат да е интервенирано врз неа.
„Не се работи за фалсификат туку за грешка на администрацијата. Одлуките се испечатени уште пред да се донесат на владата, но името на еден од членовите е згрешено. На владата го изгласавме Милорад Милановиќ, но на одлуката претходно веќе бил напишан Едмонд Калиќи. Решението така е изготвено бидејќи претходно Калиќи требаше да биде член на Надзорниот одбор, но имаше проблем да се впише во централниот регистар“, кажа Драги Рашковски – Генерелен секретар на Влада на РМ.
Вчера Телма го објави документот од централниот регистар на кој интервенирал Рашковски. На истиот документ е потпишан и претседателот на Владата Зоран Заев. Но има различни документи со различни имиња на членовите на надзорен одбор и во нотарскиот акт кој од една страна се наоѓа во владата и регистарот а од друга во МНАФ. Го запрашавме Рашковски дали знае зошто има разлика и во овие документи, дали се брзало поради изборите кои беа распишани на 6 ти август, три дена по донесувањето на одлуката и дали пречкртувањето е пред или по нивното рапишување.
„За различните нотарски документи не знам, кај нас во Владата е оној со името на Милановиќ. Нормално дека се брзаше да се донесат многу одлуки за надзорни одбори во многу претпријатија пред избори, но прешкртувањето се разбира дека е пред нивното распишување“.
Интересно е што во централниот регистар пријавата за членови на на надзорниот одбор е пристигната на 23 ти август а е одобрена на 30 ти или веќе кога се распишани изборите. Но таму недостига името на друг член на надзорниот Анѓел Папеш. За сега официјално објаснување зошто тој не е впишан во централниот регистар нема и дали можеби и тој имал законски пречки да биде упшишан во регистарот. Но, тој веќе учествувал во гласањето на директорите на М-НАВ, одлука која и опозициската ВМРО ДПМНЕ ја оспоруваше како нелегитимна. Вчера Владата го разреши членот на надзорниот кој беше допишан рачно.<
Инаку Рашковски реагираше на тоа дека во вчерашниот прилог беше објавено повикувајќи се на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека негов кумашин ја добил работата како адвокатско друштво за впишување на надзорните одбори. Ни ја испрати венчаницата во која се гледа дека негов кум не е Дејан Костиќ од адвокатското друштво ангажирано од Владата.