петок, 25. септември 2020. Вести денес: 143
home Вести

„Телма“ открива скандал: Кој во Владата фалсификува документи?!

„Телма“ открива скандал: Кој во Владата фалсификува документи?!

Три места за членови на надзорен одбор, а четири имиња впишани во централниот регистар. Телма истражуваше дали некој се дрзнал да направи фалсификат на одлука на Владата и кој е тој?

-Ова е документ од централниот регистар со одлука на Владата за избор на надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за воздухопловна навигација со скратеница М – НАВ. Донесена е на 3 ти август годинава, потпишан е претседател на Влада Зоран Заев. И ништо не би било спорно ако од трите имиња кои биле назначени последното третото на Едмон Калиќи е пречкртано и со ракопис е допишано името на Милорад Милановиќ. Потрагата не однесе до Калиќи, оној кој е пречкртан, објави телевизијата.

Надзорниот одбор на претпијатието го назначува Владата, составен е од двајца членови по нејзин предлог и еден по предлог на репрезентативниот синдикат во М – НАВ. Калиќи бил предложен од два синдикати кои во тоа време се репрезентативни – струков и синдикат на воздухопловство – тие заедно имаат 65 проценти од вработените во ова претпријатие. Но, функцијата на Калиќи имала кус век. На 31 август како што вели од нигде никаде го известиле дека всушност тој не е член на надзорниот туку Милорад Милановиќ, преставник на трет паралелен синдикат во М – НАФ.

Проблемот со впишувањето на името на Едмонд Калиќи настанал кога централниот регистар увидел дека тој е сопственик на две фирми, нешто што се коси со законот. Но, тој претпоставува дека наместо Владата одново да избира член на Надзорниот, некој само го пречкртал неговото, а го додал во ракопис името на Милановиќ. Дека Калиќи сепак бил изгласан тврдат извори од претпријатието кој доставија фотокопија од архивата на М нав. Таа е идентична со документот во регистарот, има и ист број 24-4419/1 но таму името на Калиќи не е пречкртано. И во овој документ од М – НАф Калиќи фигурира како член на надзорниот одбор. Се работи за решение за исплата на паушал за Калиќи повикувајќи се на одлуката на владата заведена со истиот број.

Ова се случува во време кога се веќе распишани локалните избори, и кога со закон е забрането вработување во јавна администрација и именување лица. Дел од сомнежите се дека токму поради ова не е донесена нова одлука туку можно е да е фалсификувана старата. Дека се брзало пред избори да се изгласа и управниот одбор, се сомнева и Калиќи.

Во прилог на овие тврдења одат и два одржани пресови на опозициската ВМРО ДПМНЕ од 1 и 2 септември. И во двата се споменува брзањето на власта за именување функционери.

-Но документот каде е пречкртано името на Калиќи не е единствениот спорен документ. Веднаш по седницаата на Влада, вечерта на 3 август во 22 часот се одржало и акционерско собрание на кое присуствувале претседавачот со собранието Радмила Шеќеринска, нотар кој го водел записникот, и повеќе од пола министри како услов за негово одржување. И записникот од собранието има две различни верзии. Едната е во М нав другата во централниот регистар. Во првата како член на надзорен е напишан Калиќи, во онаа од регистарот стои името на Милорад Миловановиќ. Од тука се отвораат и други прашања. Дали некој се обидел да го фалсификува и нотарскиот акт и кој би можел да го стори ова, објави Телма.

Во обид да ја дознаеме вистината контактиравме и со Милорад Миловановиќ. Се обидовме да добиеме изјава од него, но тој не беше расположен да зборува ни во камера ни по телефон. Вети дека по смс ќе ни ја испрати неговата е маил адреса за да му поставиме прашања но и тоа не го стори.

„Без работа сум пет години. Вечерта на 3 – ти Август присуствував во Владата, колку паушал имам земно за моето членство во надзорниот сега не можам да пресметам. Како можете да ме прашувате мене, ме мешате со квази синдикалци? Прашајте ме кој сум јас, жртва на претходниот систем“, изјави Милорад Миловановиќ.

Разговаравме и со претседателката на надзорниот Весна Павлов. И таа присуствувала на седницата но не сакаше да каже дали таа вечер бил избран Калиќи или пак Миловановиќ.

„Можам да ви кажам само за себе, но не и за останатите членови на одборот. Ве упатувам да се јавите во Владата“, кажа Весна Павлов.

На сајтот на Владата се објавени одлуките од седниците на Владата. Ја има и онаа од 3 ти август. Потпишана е од заменик претседателката Радмила Шекеринска и секретарот Драги Рашковски. Во педесетата точка се објавени и имињата на избраниот надзорен одбор меѓу нив не е Калиќи туку Миловановиќ. Но, овде не е впишан датумот на објавување на записникот па не се знае дали можеби и тој е променет. Се обидовме да дознаеме став од двајцата кои го потпишале записникот. Потпретседателката Шекеринска беше на седница и побара време, кога и кажавме за што се работи кусо искоментира дека Миловановиќ е проблематичен.

Секретарот Рашковски пак исто така се правдаше дека е на седница, за него не постои кривично дело во целиот случај, рече дека вечерва Миловановиќ ќе биде разрешен.

Но, познавачите со кои разговараше Телма велат дека ако некој интервенирал во документот тогаш сторил кривично дело. Според кривичниот законик се работи за фалсификување на јавна исправа на тој начин што е антидатиран документот. Од она што може да се забележи уште на документот во регистарот потпис има до потцртаното име и печат до него, но тешко е разбирливо чиј е. Во меѓувреме Телма дојде до уште еден документ кој е полномошно за бришење и запишување на членови на надзорен и управен одбор на М-НАВ, донесено на 23 август. Работата ја добиле агенти Велимир Велковски и Теодора Цветаноска, од адвокатско друштво Костиќ, Велковски, Цветаноска. Тоа истото друштво кое се формираше откако Владата му даде работа, а секретарот Рашковски беше обвинет од ВМРО ДПМНЕ за непотизам, оти според нив Костиќ му е венчан кум на Рашковски.

Извор: Телма

Коронавирус