среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 180
home Вести

Телма: Франција и Холандија бараат одвојување на Македонија од Албанија

Телма: Франција и Холандија бараат одвојување на Македонија од Албанија

Франција и Холандија не прифаќаат да се одобри датум за преговори за Македонија и Албанија во пакет, дознава Телма од извори упатени во министерскиот состанок во Луксембург каде заседаваат министрите за надворешни работи на ЕУ.

Двете земји се спротивставиле на давањето датум за Албанија и бараат раздвојување на земјите.

Од друга страна, како што брифираат изворите на Телма три земји се спротивставиле на предлогот Македонија и албанија да се раздвојат. Против раздвојување се Италија, Грција и Германија.

Точката околу проширувањето е застаната тука, и се очекува да продолжи во попладневниот дел од состанокот.

Дипломатски извори кои учествуваат на состанокот прогнозираат дека ова ќе биде долга и тешка дискусија.

Практично, сега судирот се префрла меѓу земјите кои притискаат Македонија и Албанија заедно да добијат датум за преговори и оние земји-членки кои предлагаат раздвојување.

За сега, како што се дознава никој од министрите немал забелешки за Македонија, но под условите што како комромис ги нуди финското претседателство. Тоа значи да и се даде датум на Македонија сега, а првата меѓувладина конференција да се одржи во првата половина од идната година.

До тогаш би се променила методологијата на преговарање на која инсистира Франција.

Сепак, се останува неизвесно, и најверојатно сценарио е за датумот да решаваат европските лидери на Самитот во четврток и петок во Брисел.

Извор: telma.com.mk

Најнови вести

Локални избори 2021