недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Телефонски разговор Заев-Ципрас: Што му порача на премиерот неговиот грчки колега?

Телефонски разговор Заев-Ципрас: Што му порача на премиерот неговиот грчки колега?

Македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас имале телефонски разговор по завршувањето на гласањето, наведува грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, Ципрас го пофалил Заев за „одлучноста и храброста да продолжи со спроведувањето на договорот“.

– Според владини извори, за време на разговорот, премиерот Алексис Ципрас го пофали Зоран Заев за неговата одлучност и храброст да продолжи со спроведувањето на договорот, пишува грчката новинска агенција АНА –МПА.