среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 15
home Вести

Техничкиот Спасовски во обид да ја смири тензијата која ја дигнаа неговите заменици-министри

Реално, познавачите потегот на техничкиот премеир го толкуваат како неуспешен обид за смирување на тензиите кои ги дигнаа токму неговите заменици-министри, кои предизвикаа редица проблеми и провокации кон техничките министри од опозицијата, делувајќи како партиски испостави во министерствата.
Техничкиот Спасовски во обид да ја смири тензијата која ја дигнаа неговите заменици-министри

Техничкиот премиер Оливер Спасовски оддржа прес конференција на која немаше никаква дополнителна информација во излагањето.
Новинарите уште од вчера, по најавата за конференцијата, очекуваа барем да се пофали со нешто, но Спасовски не ги исполни ни овие минимални очекувања.

Реално, познавачите потегот на техничкиот премеир го толкуваат како неуспешен обид за смирување на тензиите кои ги дигнаа токму неговите заменици-министри кои предизвикаа редица проблеми и провокации кон техничките министри од опозицијата, делувајќи како партиски испостави во министерствата. Сега, Спасовски се претставува како медијатор, кој е конструктивен и со добри желби за техничката влада.

Тој посочи дека врвен приоритет на сите министри во актуелната Влада, без исклучок, бил да обезбедат континуитет на функционирањето на институциите, на владеење на правото и на демократијата. „Да отвориме максимален простор за демократска волја на граѓаните да учествуваат во изборот на нова легитимна влада“ изјави декларативно техничкиот премиер.

Навидум смирувачки, а реално популистички, Спасовски нагласи дека сите услуги кон граѓаните ќе бидат испорачани во целост, на време и непречено, независно дали станувало збор за субвенциите за земјоделците, помошта на социјалните категории на граѓани, покачувањето на платите во јавниот сектори или услугите на администрацијата.

Според Спасовски, земјава мора да организира избори што доликуваат на една европска демократија во согласност со меѓународните стандарди.

Додаде и дека нашата земја се препознавала како едно праведно општество за сите, па затоа морал да се одржи тој континуитет на вредностите кои суштински придонесуваат за изградба на модел на заедничко општество за сите граѓани, при што апелираше за елиминирање и за „нула толеранција“ на говорот на омраза. Истиот говор на омраза кој го ширеа токму неговите сопартијци кон министерката Мизрахи, а во континуитет и без последици и во моментот тоа го шират медиумските испостави и т.н. експерти и аналитичари кон членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова беше излагањето на Спасовски,а делумно вистинска информација имаше само во одговорите на новинарските прашања, но не и во делот на официјалната прес-конференција.