четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 4
home Вести

Тажна вест: Почина славниот актер, доајен на македонското глумиште

Тажна вест: Почина славниот актер, доајен на македонското глумиште

После долго и тешко боледување, денеска во Скопје, почина Кирил Псалтиров доајен на македонското глумиште.

Тој беше еден од првата генерација на актери кои излегоа од Академијата на драмски уметности во Скопје и целиот свој работен век го помина во Македонскиот Народен театар.

Таму одигра бројни улоги во најпопуларните престави како Госпоѓа министерка, Чорбаџи Теодос, Женидба, Ревизор и многу други, а посебен печат остави со својата улога како Тевје во врвниот мјузикл Свирачот на покрив.

Играше во многу македонски филмови како Пред Дождот, Најдолгиот пат, Време води, Пресуда, Мисија Лондон и многу други, како и во бројни ТВ серии како Илинден, Волшебното самарче, Во светот на бајките, но и во популарните македонските народни приказни и Трврдокорни, каде посебно забележани беа неговите улоги во кои ги глумеше војводите Христо Узунов и Дедо Иљо Малешвски.

Погребот ќе се одржи утре во неговиот роден град Кочани.

ЕУРО 2020

Македонија