среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Тажна вест: Почина познатиот македонски новинар

Тажна вест: Почина познатиот македонски новинар

Во 75 година од животот, вчера во Скопје почина долгогодишниот новинар на Македонското Радио, Љубомир Вељковиќ-Раф.

Кариерата ја започна на Втората програма на Радиото во 70-те години, а најдолго, се до заминувањето од Радиото, работеше во внатрешно политичката редакција, како собраниски известувач.

Зад него остана респектибилна серија од емисии „Вие и претседателот на градот“ во која на прашања од скопјани одговараше градскиот татко.

Како завршен правник, кариерата ја продолжи во Општина Центар во Соборот на општините, а се до пензионирањето активно се ангажираше во заштитата на човековата околина.

Погребот на посмртните останки на Љубомир Вељковиќ Раф ќе биде извршен на гробиштата Бутел денеска, 20 мај во 10 и 30 часот.