недела, 18. август 2019. Вести денес: 52
home Вести

Тажна вест: Почина познат македонски новинар

Тажна вест: Почина познат македонски новинар

Новинарот Борис Георгиевски (1943) почина денеска во Охрид.

Георгиевски (1943) завршил Факултет по новинарство во Белград. Кариерата ја почнува во радио Белград, а одреден период бил директор на локалното радио Младеновац.

До осамостојувањето работи во радио Белград како дописник од државава, по што во Охрид ја основа приватната радио станица МСБ.

Новинарската кариера ја продолжува како новинар коментатор во новинската агенција МИА за која работеше како дописник до пензионирањето.