петок, 3. декември 2021. Вести денес: 132
home Вести

ТАЖНА ВЕСТ: Почина поранешниот претседател на Црвен крст, Илија Цветаноски

ТАЖНА ВЕСТ: Почина поранешниот претседател на Црвен крст, Илија Цветаноски

По кратко боледување на вчера на 77 годишна возраст почина поранешниот претседател и генерален секретар на Црвениот крст на Македонија Илија Цветаноски.

Илија Цветаноски беше претседател на Црвениот крст на Република Македонија од 1996 до 2001 година и генерален секретар на Црвениот крст на Република Македонија од 2001 до 2004 година.

-Со голема тага ја примивме веста дека не напушти една од личностите која даде посебен придонес во развојот на нашата организација. Илија Цветаноски одбележа еден посебен период во работата на Црвениот крст на Македонија. Од својата најрана возраст па се до крајот на својот живот почитуваниот Илија Цветаноски пред се неуморно се залагаше и волонтерски придонесуваше за развојот на Општинската организација на Црвен крст Прилеп, а долги години беше претседател на една од нашите најуспешни организации – Општинската Организација на Црвениот крст Прилеп. Во текот на своето работење како претседател и генерален секретар на Црвениот крст на РСМ секогаш беше пример за човек кој неуморно се посветуваше на развојот на нашата организација и беше пример за многу наши генерации на волонтери како се сака и помага Црвениот крст во интерес на луѓето кои ги опслужуваме, вели Генералниот секретар Саит Саити.

Со Цветаноски денеска се збогуваат неговите најблиски од семејството, роднините, пријателите, волонтерите на Црвениот крст.

Коронавирус