петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 7
home Вести

ТАЖНА ВЕСТ: Почина поранешен пратеник во македонското Собрание (ФОТО)

ТАЖНА ВЕСТ: Почина поранешен пратеник во македонското Собрание (ФОТО)

По долго боледување, денес во Демир Хисар на 71-годишна возраст почина Наќе Стојановски, роден во крушевското село Растојца на 7 април 1950 година.

Дипломирал на Правниот факултет при државниот универзитет “Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Наќе Стојановски беше пратеник во Собранието на Македонија во три мандата: 1990-1994 година, 1994-1998 година и 1998-2002 година од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Во еден мандат Наќе Стојановски беше директор и на Централниот регистар на Македонија.

Наќе Стојановски беше член на Комисијата за уставни прашања при Собранието на Македонија и член на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Хрватска.

ЕУРО 2020

Македонија