вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 58
home Вести

ТАЖНА ВЕСТ: Почина новинарот Тодор Пендаров

ТАЖНА ВЕСТ: Почина новинарот Тодор Пендаров

Денеска почина познатиот новинар Тодор Пендаров.

Причината е Ковид 19, иако првично ја прележал, но подоцна имал последици заедно со претходни здравствени проблеми на белите дробови, објави Либертас.

Во својата кариера беше дописник за Радио Скопје од Љубљана на што беше особено горд во своите тв настапи и споделуваше искуства од напредната и организирана Словенија.

Долги години беше советник за односи со јавност во собранието, како дел од кабинетот на спикерот Трајко Вељановски.

Коронавирус