понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 158
home Вести

Тажна вест: Почина младата режисерка и актерка Милиана Ленак

Тажна вест: Почина младата режисерка и актерка Милиана Ленак

Актерката и режисерка Милиана Ленак (Додевска) почина вчера во Скопје. Имаше 41 година.

Ленак е основач на скопскиот Буден театар, кој создава претстави за деца, а беше и на чело на Меѓународниот детски театарски фестивал Фенер, чие шесто издание завршува токму денеска.

Таа е дипломец на театарската академија Крсто Сарафов во Софија, а постдипломираше режија на Меѓународната школа на ФАМУ во Прага.

Буден театар од 2015 дава поддршка на децата кои бегаат од војна, преку креативни активности. Во 2017 Ленак ја режираше претставата „Писмо никому“, работена по текст на светски признатиот холандски автор на детска литература Тоон Телехан, а создадена од децата бегалци кои беа сместени во транзициските центри на Табановце и кои не смееја да излезат оттаму, и деца од основното училиште „Кочо Рацин“ од Скопје.

„Ова е претстава која децаа ја обожуваат, поради авторот и поради апстрактниот и апсурдистички начин на комуникација и хумор, нетипичен за мaкедонскиот театар за деца, што поставува нови стандарди во креирањето за детска публика“, рече тогаш Ленак за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Извор: СДК.МК

Коронавирус