вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ТАЖНА ВЕСТ: Почина легендарниот битолски радио водител Лазар Николовски

ТАЖНА ВЕСТ: Почина легендарниот битолски радио водител Лазар Николовски

На 69 годиншна возрат почина Лазар Николовски ( роден на 14.12.1952 ), во јавноста познат како „105 Бомбардер“, заради своето радио преку кое беше дел од секој дом во Битола и регионот.

Тој беше меѓу првите приватни радиодифузери во државата со неговото популарно „Радио 105“ и со начинот на работа стана препознатлив и меѓу најслушаните радија во пелгонискиот регион.

Николовски кој некогаш го водеше прочуениот „Маратон без сон“ со што влезе во Гинис како водител кон најдолго водел радио емисија без спиење, до последно, до 69 годишна возраст седеше зад пултот на радиото.

Погребот ќе биде утре во 12.00 часот на Светонеделските гробишта во Битола.

Коронавирус