недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 78
home Вести

Тажна вест: Почина фудбалската легенда Благој Истатов

Тажна вест: Почина фудбалската легенда Благој Истатов

Едно од најголемите имиња на македонскиот фудбал Благој Истатов почина на 71-годишна возраст, информираа денеска од неговото семејство.

Истатов е едно од најлегендарните имиња кое остави силна трага во македонскиот фудбал. Роден е на 5. април 1947 година во Струмица. Од најмала возраст почнува со фудбалот во својот роден град, притоа одбирајќи ја голманската позиција. Својата играчка кариера ја почна во Беласица, беше дел и од прилепска Победа, но најславните свои фудбалски денови ги имаше во дресот на белградски Партизан преку кој стигна и до дресот на репрезентацијата на поранешна СФРЈ. Последните две години од активната кариера од 1976 до 1978 година ги мина во холандски Утрехт, пишува Екипа.мк.

По крајот на играчката кариера беше тренер на Беласица и повеќе домашни клубови, а беше и дел од стручниот штаб на македонската сениорска репрезентација. Изминативе години и натаму беше активен во фудбалскиот живот како член на УО на ФФМ, но и преку еден од најдобрите домашни спортски комплекси во Дојран кој е подготвителен центар за голем број фудбалски екипи.

Коронавирус