понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Тажна вест: Почина докторката Оровчанец

Проф. Дагмар Оровчанец како професор на Медицинскиот факултет во Скопје беше исклучително посветена на студентите. Од 2007 година таа беше дел од тимот на приватната болницата „Ре Медика“ во Скопје.
Тажна вест: Почина докторката Оровчанец

Вчера во Скопје почина проф. д-р Дагмар Оровчанец, истакнат гастроентерохепатолог, наставник и стручњак во својата област.

Таа е родена во Љубљана, дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград во 1980 година. Својата професиoнална кариера ја продолжува во Скопје на Клиниката за гастроентерохепатологија при Медицинскиот факултет во Скопје, каде специјализира, докторира и супспецијализира во областа на гастроентерохепатологија.

ПрофДагмар Оровчанец како професор на Медицинскиот факултет во Скопје беше исклучително посветена на студентите. Од 2007 година таа беше дел од тимот на приватната болницата Ре Медика во Скопје.

Таа важеше за исклучителен стручњак во својата област, ценет и почитуван колега, посветен наставник и, пред се, човек во вистинска смисла на зборот.

Нека почива во мир!

Коронавирус