четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

ТАЖНА ВЕСТ: Почина доктор Петар Ачковски, Македонија загуби врвен експерт

ТАЖНА ВЕСТ: Почина доктор Петар Ачковски, Македонија загуби врвен експерт

Вчера Македонија загуби врвен експерт, почина примариус доктор Петар Ачковски.

Имаше 68 години и веќе беше во пензија. Цел работен век го помина како анестезиолог на КАРИЛ, а беше долгогодишен шеф на трауматологија.

Како експерт во својата област, д-р Ачковски беше баран и од реномирани здравствени центри во светот, како болницата во Данска каде помина дел од својата кариера.

Ачковски е доктор високо почитуван од фелата. Тој несебично го споделуваше своето знаење во областа на медицината со младите негови колеги.

Во својата кариера има спасено илјадници животи, но за жал тој ја загуби битката за својот живот со најлошата болест.

Ачковски беше дел од тимот кој го лекуваше Киро Глигоров по обидот за атентат.

Погребот на д-р Ачковски ќе биде утре, но поради состојбата со пандемијата во Македонија, ќе биде погребан од потесниот круг на најблиските.

Редакцијата на КУРИР изразува сочувство до неговото семејство, колегите и пријателите.

Почивај во мир докторе!

Коронавирус