вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 119
home Вести

Тажна вест: Почина бебето кое од Клиниката за детски болести во Скопје во понеделникот ноќта, со специјален авион беше однесено во Швајцарија

Тажна вест: Почина бебето кое од Клиниката за детски болести во Скопје во понеделникот ноќта, со специјален авион беше однесено во Швајцарија

Швајцарските здравствени власти потврдија прва смрт на дете од Ковид-19. Бебето кое починало од можни компликации од инфекција на коронавирус и е прв случај од ваков вид во Швајцарија, е всушност десетмесечното бебе кое од Клиниката за детски болести во Скопје во понеделникот ноќта, со специјален авион беше однесено во Швајцарија, пишува Нова.

Веста која ја објавија швајцарските медиуми ја потврди Стефан Кустер, шеф на одделот за инфективни болести при Сојузната канцеларија за јавно здравје, на прес-конференција во швајцарската престолнина Берн, синоќа (петокот 29 мај).

Тој потврди дека бебето чии родители живеат во кантонот Аргау се заразило со коронавирус во странство и дека случајот се истражува. Кустер не кажал повеќе детали за случајот и дали вирусот е директна причина за смртта.

„Еден тажен настан, треба да ја пријавиме смртта на едно дете. Бебето кое живееше во кантонот Аргау, се заразило во странство “, изјави за медиумите Стефан Кустер од Федералната канцеларија за здравство (БАГ).

НОВА, пред два дена објави дека десетмесечно бебе во тешка и многу комплицирана здравствена состојба било донесено во неделата попладне на Клиниката за детски болести. Бебето имало висока температура, грчеви и нарушена свест, а на клиниката било примено заедно со неговата баба која го чувала бидејќи неговите родители живеат во Швајцарија.

Вистинска драма се случувала на клиниката за спасување на животот на бебето, утредента кога се покажало дека бебето има некаква туморозна маса во мозокот, за што во извештајот до кој дојдовме, стои дека се “интравертикуларни маси и нагласен интерен хидроцефалус“, за што рентгенолозите -лекари препорачале понатамошни испитувања. Во исто време се потврдило дека и тоа и неговата баба се позитивни на Ковид-19.

Истиот ден, ноќта беше отворен скопскиот аеродром и лекарскиот тим од швајцарскиот Клинички центар дојдоа и со специјален медицински авион го префрлија бебето во Цирих.

Целата вест на НОВА.