сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 99
home Вести

ТАЖНА ВЕСТ: Ова е првиот новинар во Македонија кој што ја загуби битката со коронавирусот

ТАЖНА ВЕСТ: Ова е првиот новинар во Македонија кој што ја загуби битката со коронавирусот

Битката со коронавирусот ја загуби и првиот медиумски работник од Македонија.

Како што пренесуваат албанските медиуми, станува збор за 44-годишниот Беким Бајрамоски од струшко Лабуништа, кој што работел во локалната телевизиј „Спектра“ во Лабуништа.

Редакцијата на Курир изразува сочуство до неговото семејство и пријателите.

Инаку во Сруга активни случаи со Ковид-19 се 12, од кои еден во Лабуништа.

Во меѓувреме, повеќе од 60 нови случаи со Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа во државава, а еден пациент е починат, информираа за МИА од Институтот за јавно здравје.

Посочија дека од новодијагностицираните случаи со Ковид-19, најголем број се од Скопје.

Повеќе информации за состојбата со Ковид-19 во земјава се очекува да соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата во 15 часот.

Коронавирус