среда, 14. април 2021. Вести денес: 108
home Вести

Тажна вест: Од коронавирус почина македонски новинар

Тажна вест: Од коронавирус почина македонски новинар

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува длабоко сочувство до семејството на колегата Драган Ристов кој почина поради компликации од Ковид-19.

Тој беше долгогодишен новинар, во последниот период вработен во секторот за односи со јавност во Општина Штип.

Драган во својата новинарска кариера беше вработен во Радио Канал 77 и член на ЗНМ.

47- годишниот Драган Ристов зад себе остави сопруга и две деца.

РЕДАКЦИЈАТА НА КУРИР ИЗРАЗУВА ИСКРЕНО СОЧУВСТВО ДО НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО, КОЛЕГИТЕ И ПРИЈАТЕЛИТЕ

Коронавирус