Во моментов во Македонија беснеат речиси десетина пожари според фотографијата која вечерва ја споделуваат на социјалните мрежи загрижени корисници.
Попладнево инаку се појави и видео снимка од Маврово каде несовесни луѓе намерно ја палат шумата и предизвикуваат пожар кој се уште беснее во националниот парк.
Според фотографијата во моментов активни се пожари во близина на Кичево, Крушево, Велес, Прилеп…
Инаку големиот шумски пожар кој изби вчера во близина на манастирот на Тоше Св. Преображение над Крушево се уште не е изгасен ниту денеска.