недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 72
home Вести

Таткото на избодениот Филип до Спасовски: „Оливер, ветувањата дадени јавно нека стојат во место“

Таткото на избодениот Филип до Спасовски: „Оливер, ветувањата дадени јавно нека стојат во место“

Осумнаесетти ден чекаме правда. Надлежниве го стокмија ли сценариото, МВР, Обвинителство, почнавте ли со истрага или чекате Ѕвонко Цветковски да одобри? Оливер, ветувањата дадени јавно нека стојат во место…, напиша Гоце Филиповски, татко на полицаецот Филип Филиповски кој беше избоден во скопска дискотека.

 

Таткото на Филип и претходно на Фејсбук тврдеше дека синовите на Ѕвонко Цветковски го прободеле син му и шетале со џипови во неговото маало да се закануваат да не се дознае вистината.

– Како што очекував, прошетките со џиповите го постигнаа спротивното и ги сплотија уште повеќе родители, пријатели другари со истото мислење, нема да дозволиме банда да ги малтретира нашите деца, проработо родителскиот инстинкт. Законите на природата никој не може да ги смени, остануваме смирени и веруваме во институциите, ама степенот на будност е на највисоко ниво овојпат. Нешто ненормално се случува кај дечките во ножеви, мора да продолжат нашите деца слободно да живеат како до пред некој ден и мора д апобедиме за нашите деца. Не го чувавме 20 години за некој тука да му го одземе правото на живот, напиша таткото на Филип, Гоце.