понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 160
home Вести

Таткото на девојчето што се удави во Вардар ќе ја тужи актерката Ирена Ристиќ

Таткото на девојчето што се удави во Вардар ќе ја тужи актерката Ирена Ристиќ

Фејсал Меџити, таткото на тинејџерката која се удави во водите Вардар во Гостивар бегајќи од куче, најави тужба против актерката Ирена Ристиќ која изминатиов викенд на својот Фејсбук профил објавила дека тинејџерката била убиено од својот татко.

Како мотив во незјиниот пост ја навела трагичната љубовна врска, бидејќи се заљубила во друго момче, а била ветено за момче од Турција.

-Јас сум таткото на удавеното девојче. Апелирам до сите да не го коментираат овој случај да остават институциите кои се надлежни, рече Меџити.

Тој повика на разбирање кај новинарите да не прават сензации од овој случај, бидејќи болката од загубата во семејството сé уште е силна.

Коронавирус