вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Татко и син од Македонија убиени во Швајцарија – Сакале да купат трактор!

Татко и син од Македонија убиени во Швајцарија – Сакале да купат трактор!

Околу пладне во средата, кантоналната полиција во Фрибург била известена за исчезнување на татко и син – Д.К (23) и Н.К (47). Во соработка со кантоналната полиција на Вауд, тие и двајцата се пронајдени мртви во вила во регионот на Вауд. Како што соопштуваат швајцарските и француските медиуми, тие се застрелани со пиштол. Уапсен е 30 годишен маж кој ја призна вината. При претрес пронајдено е и огнено оружје. Д.К (23) и Н.К (47) инаку се од струмичко Мокриево.

Како што пишуваат во една од групите на нашите иселеници, таткото и синот претходно од убиецот сакале да откупат трактор и му дале капар за истиот. Неколку дена подоцна тие му се јавиле за да го земат тракторот, но селанецот одбил. Откако таткото и синот отишле да си го земат дадениот капар, тие биле застрелани и потрупани во арско ѓубре.

Извор: strumicadenes.mk

Коронавирус