среда, 28. јули 2021. Вести денес: 178
home Вести

Тасевски: Тие елитните, вечно ќе останат подвиткани во полојните како и сите велепредавнички слуги на овој свет

Тасевски: Тие елитните, вечно ќе останат подвиткани во полојните како и сите велепредавнички слуги на овој свет

Елитата засилена со истакнати твитераши и пиарџии, кога се потсмева на оние свитканите во полојната во спотот, се потсмеваат со самите себе. Зашто за да дојдат на власт се свиткаа многу повеќе од оние на спотот, коментира актерот Сашо Тасевски на Фејсбук.

Елитата, два дена расправа за спотот со свитканите во полојната, за проблемите со рбетот на Македонците. Па фрчат смешки и критики за спотот. Само едно ќе кажам. Тоа е спот за политичка кампања, не е Фелини со дело во Кан. Вучиќ сними барем десет поглупи и победи десет нула. На кој начин, не е важно. Но, елитата мора да знае нешто. Поголемиот дел од народот, многу повеќе ја сфаќа таа директна, нацртана метафора, отколку паламудењето на спотот на Шеќерната во кое никаде не спомнува Македонија и македонско. Или пак изјави на министерот Џорџ Димитров Клуни, дека мора да внимаваме со нашиот идентитет да не повредиме нечии друг идентитет, небаре ние им оспоруваме на соседиве, народ, јазик, црква, а не обратно, пишува Тасевски.

Понатаму Тасевски вели:

Кажано попросто, доказ дека сме свиткани во полојната како народ се изјавите и спотовите на социјалдемократите изминативе три години. Плус антимакедонскиот договорот од Нивици и оној со Бугарија. Затоа спотот со подгрбавените ќе биде ефектен кај тие на кои е упатен.

Сакам речам, еден таков спот според мене, за да биде поуметнички и поблизок на елитата, требаше да се сними не со луѓе свиткани во полојната, туку со човеколики амеби, како се разлеваат по улиците ко желе. Оти ние како народ набрзо ќе останеме и без рбет, штом се реализира договорот со Бугарија, ако елитата, лигавите и распекмезени потомци на некогашната црвена буржуазија, останат на власт.
Поточно, таа елита засилена со истакнати твитераши и пиарџии, кога се потсмева на оние свитканите во полојната во спотот, се потсмеваат со самите себе. Зашто за да дојдат на власт се свиткаа многу повеќе од оние на спотот. Ај, за нас останатите како народ, еден ден, кога тогаш, ишијасот, реумата и дискусот ќе поминат, зашто на сила не можеш никого да натераш да се пише магаре, ама тие елитните, вечно ќе останат подвиткани во полојните како и сите велепредавнички слуги на овој свет. Ко што отпеа Гоце Арнаудов: Парите и во гробот ќе им тежат. И таму ќе останат свиткани од тежината на предавството, пишува поранешниот директор на Драмски театар и актер Сашо Тасевски.

Коронавирус