четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 76
home Вести

Тасевски: Приватизираната партија веќе е секта, им го перат мозокот дека минатото не е важно

Тасевски: Приватизираната партија веќе е секта, им го перат мозокот дека минатото не е важно

Актерот Сашо Тасевски го коментира однесувањето на членовите на СДСМ кои се обидуваат да релативизираат дека не било важно минатото туку иднината во односите со Бугарија.

„Им го перат мозокот со ова: А бе што е важно што било пред 80 години, дајте да гледаме напред!!! Ми пристапуваат такви следбеници на јаничарот: Ееееј а бе зошто толку плукаш по нас? Што е важно што било пред 80 години? Ми чури од уши кога ќе го слушнам тоа.

Ги прашувам: Еве ако не е важно, зошто тогаш на Бугарите им е толку важно што било пред 80 години?

А? Да не е важно, мислите би губеле време и нерви за тоа? Кој е во заблуда тука? Вие кои седите во скутот на глупак или Бугарите?

Уште не разбирате зошто е толку важно некому, кој ти е непријател, да ти го избрише минатото и потеклото?

Само чудете се и терајте по патот по кој одат будалите. Сфатив дека таа приватизирана партија веќе е СЕКТА. Шефот е безгрешен, тој не лаже, тој знае, тој е спасот. Страотно. Нема полза да ги убедувате овие следбеници, тоа го сфатив во неколку случајни средби со такви.

И не е лошо Македонците овде и оние во дијаспората, да почнат да ги разгледуваат најлошите можни сценарија, доколку квизлинзите отидат до крај“ – пишува Тасевски.

Коронавирус