петок, 14. август 2020. Вести денес: 8
home Вести

Тасевски: Пирова победа на СДСМ

Тасевски: Пирова победа на СДСМ

Преку 30 пратеници Албанци во парламентот, со оние на Беса од коалицијата Можеме. Логична разврска на деценискиот раздор и поделби меѓу Македонците
Тежок пораз за ВМРО и СДСМ. Поточно, пирова победа на СДСМ. Да не си им во кожа какви дилови ќе мора да прават за да состават влада. Но видовме, за Заев тоа не е проблем. Може да даде се.
Така, ќе има влада која ќе биде неодржлива на долг рок.
Албанците комотно можат да побараат од Заев премиерското место, ако не им биде наредено поинаку од Калето. И заслужија премиер, рака на срце. ДУИ се најмоќната партија во оваа земја.
Македонците ќе мораат конечно да го допрат дното, ама да останат закотвени на него, како граѓани од втор ред, за да сфатат во каква заблуда живееле со децении и како биле лажени, продавани и манипулирани од нивните политички елити.
Левица покажа што се случува кога тие елити ќе те потценат и те сметаат за аутсајдер достоен за потсмев и презир. Ете ги сега и тие во парламентот. Со два пратеника ќе се нафатираат јако, одредени поединци и како партија. Зашто Големите ќе мора да ги поканат на журката и да им понудат многу нешта на пазарот кој ќе се случува деновиве. За година две или три и тие ќе бидат елита, напиша на својот Фејсбук профил актерот Сашо Тасевски.

Коронавирус