четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 132
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

Тасевски: Ќе има два премиера, не само Заев туку и Албанец

Тасевски: Ќе има два премиера, не само Заев туку и Албанец

-Не лажете. Ќе има два премиери. Не само Заев, туку и Албанец, кој ќе ги држи истите лостови на моќ и власт. Исти ингеренции. Или во превод, Заев нема да може да преземе ништо без амин и знаење на ДУИ
Да не е така, оние во ДУИ немаше да се тепаат меѓу себе кој да биде тој фамозен прв вице премиер. Колку и да звучи ова глупо како име на функцијата. Затоа и е смислено такво глупо име. За да им даде привид на СДСМовците дека Заев е премиерот и никој друг. Веднаш ќе видат колку се излажани, стои во објавениот статус на Сашо Тасевски на неговиот Фејсбук профил.

-Како и да е, ќе има сериозен проблем оваа двоглава власт да опстане, ако на СДСМ му е важно да ја води државата успешно, кон подобро утре. Ама штосот е во тоа, што нив ги заболе уво за државата. Важно им е да им врват тендерите и рекетот по фирмите. Затоа и се бореа. Државата според СДСМ, по уредување може да биде и конфедерална и кантонална и ДрапајСиЈајцонална, сечија и ничија. Не ги интересира ништо освен да се на власт, па дури ако треба да ја делат и со Ѓаолот, напиша тој.

Коронавирус