недела, 11. април 2021. Вести денес: 31
home Вести

Тасева: Владата треба да знае дека извештајот на „Транспаренси“ не е заснован на перцепција туку на реални показатели и индикатори

Тасева: Владата треба да знае дека извештајот на „Транспаренси“ не е заснован на перцепција туку на реални показатели и индикатори

„Кога и да се објавеше индексот секогаш одеше како коментар од Владата дека тоа е само перцепција. И тоа така остануваше. Меѓутоа овој пат медиумите и интересот на јавноста придонесоа до тоа да се разбере дека ова всушност не е само перцепција. Ова е засновано на повеќе истражувања за Македонија и се земени во предвид седум истражувања кои што различни меѓународни институции ги правеле во последните две години. Значи во 2020-та и 2019-та година истражувањата се вршеле. И тие истражувања со се методологија, индикатори, прашања, институции кои што ги спровеле конкретно за Македонија, сите информации се јавно објавени на веб страната на Транспаренси Интернешнл“ и може да се види точно кои параметри, кои резултати се таму постигнати, за кои индикатори“,истакна Слаѓана Тасева, претседател на „Транспаренси Интернешнл“ во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Тасева додаде дека и самата перцепција на граѓаните дека има корупција треба да биде важен индикатор за да се направи нешто.

„На Владата треба да и е битно што мисли јавноста, што мислат граѓаните. Некако во Влада, во власт многу треба да и е важно мислењето на граѓаните. Или на некој кој што управува со некоја институција исто така. Значи и да е само перцепција треба да се обрне внимание. Но овде е засновано навистина на повеќе од перцепција односно на реални показатели, индикатори“, појасни Тасева.

Тасева посочи дека високата коруспција е во високите ешалони на власта.

Коронавирус