недела, 11. април 2021. Вести денес: 92
home Вести

Тасева призна: Се соочувам со притисок од Владата, се обидува со тужби да ме замолчи за корупцијата која постои таму

Тасева призна: Се соочувам со притисок од Владата, се обидува со тужби да ме замолчи за корупцијата која постои таму

„За првпат после 20 години сум тужена за клевета. За тоа што анализиравме договор склучен во кој што гледаме дека договорот ги нема сите елементи предвидени во нашите закони. Не се идентификувало лицето потписник на договор. И тоа го објавивме на прес конференција, и за тоа не тужеа за клевета. И јас сум првостепено одговорна за клевета.Во овој систем, во оваа Влада, поврзано со активности на оваа Влада. Значи да треба да води сметка правосудниот систем како правораздава, дали по правото или по потребата на некого“, Слаѓана Тасева, претседател на „Транспаренси Интернешнл“ во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Тасева посочи дека и таа се соочува со притисок, и тоа за прв пат после толку години активна работа.

„Никогаш досега не сум зборувала неаргументирано, ама еве можеби некој смета и дека на тој начин треба да не замолчи наместо да не охрабри да зборуваме, па да нема корупција“, рече Тасева.

Коронавирус