вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 148
home Вести

Тасева: Платежната картичка која ја понуди Владата е придобивање на одредени граѓани да гласаат за одредени политички политики

Тасева: Платежната картичка која ја понуди Владата е придобивање на одредени граѓани да гласаат за одредени политички политики

Слаѓана Тасева, универзитетски професор во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за платежните картички кои ги дава Владата за надминување на кризата со пандемијата каде истакна дека сето тоа добива димензија на популизам односно придобивање на одредени граѓани да гласаат за одредени политички политики.

-Сето тоа во некоја рака добива димензија на популизам која во предизборни услови може да се смета дека може да биде и придобивање на гласачи или граѓани кои би гласале за одредени политики или политички опции. И тука линија помеѓу предизборен поткуп и реално поддршка на граѓаните, кога зборуваме како овие прашања се уредени во законите таа линија е многу тенка. Владата со уредба ги стави вонсила одредени членови од законот за спречување на корупцијата значи одредба од законот за спречување на корупцијата конкретно од членот 34 со кој се забранува да се исплаќаат плати, пензии и други придонеси која што не е дел од редовните плати во време на изборна кампања, вели Тасева.

Таа додава дека сега таа одредба е ставена вонсила меѓутоа стапува во сила веднаш кога ќе престане вонредната состојба и мораме да бидеме внимателни, законите да се применуваат онака како што се напишани и како што треба за да се спречи било какво сомневање за предизборна корупција и на ова треба да внимава владата односно луќето кои што ги носат овие одлуки.

Најнови вести

Локални избори 2021