петок, 16. април 2021. Вести денес: 131
home Вести

Таравари жестоко го нападна Заев: Жал ми е за него, само ги повторува лагите

Таравари жестоко го нападна Заев: Жал ми е за него, само ги повторува лагите

Откако изминативе денови, односите помеѓу владината коалиција и Алијансата за Албанците не беа во најдобар ред, за што беше потребна и средба помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алијансата, Зијадин Села, екс-министерот за здравство, Арбен Таравари, упати остра критика кон Заев на својот Фејсбук профил.

Објавата на Таравари дополнително ги потврдува шпекулациите дека тие ќе излезат од Владата, бидејќи Министерството за здравство сметаат дека им припаѓа нив според договорот за влада.

Објавата на Таравари во целост:

Ова е една изјава која сум принуден да ја кажам заради еден смешен рефрен кој се повторува често пати како оправдување од страна на премиерот Зоран Заев.

Заев кажа дека Минситерството за здравство е дадено на Алијансата поради мене како личност. Кога го слушнав ова првпат, ми дојде многу жал за него. Поради недостаток на реално оправдување за насилното одземање на Минисертсвото за здравстсво тој прати една незрела вест.

Смешно! Кога видов дека кутриот премиер го повторува тоа неколку пати и повторувајќи ги неколку пати лажните (псевдо) аргументи, жалосно-смешно! На ова оправдување на Заев не верува ни едно петгодишно дете.

Сигурно е дека ова министертво и е дадено на Алијансата бидејќи без оваа партија немаше да има Влада. Се сеќавате ли како дојде до ова? Беше тоа време кога во Парламентот крвареше Зијадин Села и без никаков сомнеж јас бев избран од Алијансата да го водам Министерството за здравство.

Заради тоа вие не можете да го убедите народот и да се однесувате инфантилно.

Кој ве натера да го свртите кавалот господине Заев? Почнавте и вие да ги делите министертвата на тие кои плачат повеќе или имате некое дете во коалиција што се лути на нас и не не сака?

Жал ми е за Владата

Арбен Таравари

пс. Дали некогаш сте се запрашале што имате заедничко со Груевски?

Јас ќе ви кажам: Само Али Ахмети

Интересно..Како е возможно????“, пишува Таравари на својот Фејсбук профил.

Во текот на денешниот ден Алијансата за Албанците закажа централно собрание на за утре во 11 часот, во просториите на ресторан Арена во Гостивар, на патот кон селото Дебреше.

Мремиерот Заев вчера во интервју за емисијата „Ноќно студио“, јасно порача дека министерското столче е резервирано за Венко Филипче.

На состанокот АА ќе одлучува дали партијата ќе остане или ќе излезе од владината коалиција.

Заев вчера изјави дека Алијансата на Албанците нема да го добие Министерството за здравство бидејќи предлозите за министри се веќе испратени во Собрание.

Тој нагласи дека здравството на почеток припаднало на оваа партија заради Арбен Таравари, но него веќе го нема.

Најнови вести

Коронавирус