понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 49
home Вести

Таравари за ТВ21: Преговараме со сите партии за Влада, освен со ДУИ

Таравари за ТВ21: Преговараме со сите партии за Влада, освен со ДУИ

Во тек е протестниот марш од страна на коалицијата Алијанса-Алтернатива во знак на револт за изборниот ден и пребројувањето на гласовите од предвремените парламентарни избори.

Во живо во вестите на ТВ21 се вклучи и генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари кој истакна дека пораката на маршот е да не повторат претходните грабежи и криминали кои се случуваат во последните 18 години.

На прашањето од новинарот на ТВ21, дали е можна коалиција со СДСМ и Беса, Таравари посочи дека се е можно.

„Се е можно, но многу тешко и скоро невозможно е да се направи коалиција со ДУИ, тоа е најтешко и не верувам да биде, меѓутоа повторно одлучуваат органите на партијата“, посочи Таравари.

Коронавирус