четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 18
home Вести

Таравари за повикот на ДУИ: Тоа е како крадец да ве ограби, па да ве кани на ручек

Таравари за повикот на ДУИ: Тоа е како крадец да ве ограби, па да ве кани на ручек

На ДУИ не може да ѝ се прости манипулирањето на волјата на Албанците. Ова е ставот на Алијансата во врска со барањето на партијата на Ахмети за соработка.

Генералниот секретар на Алијансата, Арбен Таравари, ја обвинува ДУИ за купување гласови и полнење кутии. Тој за Алсат изјави дека заедно со коалицискиот партнер ја разгледуваат можноста за организирање протести за да се заштити гласот на граѓаните.

-Тоа е целосно лицемерие на еден висок функционер на ДУИ кој пред 5-6 дена полнеше гласачки кутии, купуваше гласови, правеше изборен инженеринг, ја злоупотребуваше политичката волја на Албанците и сега се извинува и нè поканува да седнеме заедно. Исто како крадец кој ви дошол дома, краде и после два дена ве кани на ручек кај него дома… Тоа за нас е неприфатливо, реќе Таравари.

Коронавирус