вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 34
home Вести

Таравари за криминалите на власта: Ова веќе е претерано да се има 800 ненострифицирани дипломи во струшкиот универзитет и МОН да не реагира

Таравари за криминалите на власта: Ова веќе е претерано да се има 800 ненострифицирани дипломи во струшкиот универзитет и МОН да не реагира

Во една од своите изјави градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари посочи дека се случуваат криминали во образованието. Според сознанијата од инспектори имала околу 800 ненострифицирани дипломи во струшкиот универзитет и згора на тоа сегашен министер и заменик министер за образование земале со авторски договори плати.

Арбен Таравари е единствен градоначалник кој што е опозициски, урбан опозициски градоначалник, а сите други се нивни. Ние бевме дел од владата, значи кога ќе излезеш од владата тебе те стрелаат. Два пати ми беа одземани ингеренции, а сега веќе пуштени се сите инспектори од Струга, Скопје, Тетово, Кичево, појаснува Таравари.

Таравари додаде дека еден инспектор му кажал дека во Струга има 800 ненострифицирани дадени дипломи во Струшкиот Универзитет. Постојат професори, сегашен министер и заменик министер кои што земале со авторски договори плати и откако била покрената иницијатива дека не смеат да земаат ги вратиле парите што признаваат. И ништо за тоа не преземала државата. Буквално ништо. Целото образование, целиот образовен систем, најголемиот криминал се во училиштата во Гостивар, во 16-те училишта во Гостивар.

И замислете ова не се случува, ова ќе влезе во Гинис. Не Груевски, не Чаушеску, не Сталин, ова е претерано. Што е претерано е претерано. Значи 800 ненострифицирани дипломи. И јас предавам и на скопски и на тетовски Универзитет и прегледувам пациенти но меѓутоа немам авторски договор. Знам дека тоа го правам доброволно. И како може еден министер да примал и да имал авторски договор, да земал пари од Универзитетот. А, откако е покрената иницијативата ги вратил парите. Имал договор 2017/2018 година. Еднаш бил заменик министер за СЕП, и втор пат заменик министер за образование. Без разлика тој е функционер, образложи Таравари.

Таравари појасни дека дознал за огромни скандали кои што се пријавени во Струшкиот Универзитет, а МОН ништо не презема. Вчера започна второ полугодие на учениците се уште нема книги. Има 1.000 ученици Албанци кои што не можат да учат на нивен јазик. А, тоа не се случува само во Гостивар туку во цела Македонија. Во скопските села има ученици Албанци кои што патуваат секој ден до Косово за да учат на албански јазик.