вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 202
home Вести

Таравари: Владата задоцни со мерките за спречување на коронавирусот

Таравари: Владата задоцни со мерките за спречување на коронавирусот

Градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари во своето гостувње во телевизија 24 зборуваше за корона вирусот и за мерките кои се превземаа од страна на власта при што го истакна следново:

-Мерката да учениците не одат во училиште мислам дека требаше многу порано да спроведе односно неколку дена порано.Најголемата грешка од државната стратегија што ја прават беше грешката кога ни доаѓаа масовно луѓе од надвор, а не успееја да ги контролираат каде се движат, дали седат дома. Повеќето од нив не ги почитуваа тие денови за карантин, да се самоизолираат и така почна болеста да метастазира низ сите градови.

Имено Таравари во своето гостување во врска со корона вирусот посочи дека не се прават доволно тетстови и дека има чувство како владата да не брза и да не инсистира многу со тетстирање за корона вирусот.

Коронавирус