четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 242
home Вести

Таравари: Ситуацијата излегува од контрола, Македонија има повисока смртност од коронавирус од целиот регион заедно

Таравари: Ситуацијата излегува од контрола, Македонија има повисока смртност од коронавирус од целиот регион заедно

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, смета дека состојбата со коронавирусот во земјата излегува надвор од контрола.

Тој за „Еуроњус Албанија“ зборуваше за од вирусот корона, посочувајќи дека Македонија има повисока стапка на смртност од целиот регион заедно, пренесува порталот „ПаЦенсур“.

– Во Македонија, смртноста на 100.000 жители е 5,9, значи повеќе од Албанија, Косово, Грција и Црна Гора заедно. Заедно да се обединат овие земји, нема да имаат ист морталитет како Македонија, рече Таравари.

Според него, во последните неколку дена, без да заврши првиот бран, продолжи вториот бран на вирусот.

-Вториот бран продолжува без воопшто и да заврши првиот, иако очекувањата беа дека ќе се намали бројот на заразени лица, како во државите околу Македонија. Ако го соберете бројот на заразени лица од Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Косово, Албанија, Грција, бројот на новозаразени во овие земји вчера беше колку половина од заразените лица во Македонија, истакна Таравари.

Тој додае дека поради оваа состојба не е загрижена само опозицијата, туку сите жители во Македонија.

Парламентарни избори 2020