среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 193
home Вести

Таравари: СДСМ секојдневно врши притисоци врз општините со кои раководи Алијансата на Албанците

Таравари: СДСМ секојдневно врши притисоци врз општините со кои раководи Алијансата на Албанците

Арбен Таравари, градоначалник во Гостивар и генерален секретар на Алијансата на Албанците во своето гостуваење во емисијата „Што не ејасно“ посочи дека СДСМ многу и штети на нивната партија и секојдневно имаат притисоци врз општините со кои раководи нивната партија.

-Шансите се многу мали да бидеме со СДСМ бидејќи сме разочарани од функционирањето на СДСМ. Дури мислиме дека нас повеќе повеќе притисок ни прави СДСМ отколку ДУИ тука мислам на сите работи, на одземање на ингеренции.Знаете Груевски никогаш не одзема ингеренции на Заев, во образование, колку што знам јас иако тој бил градоначалник.Ние бевме единствена урбана опозициски општина и ни одземаа два пати ингеренции, секојдневни приситосоци врз општинити со кои раководи Алијансата за Албанците. Во последно време ние мислевме дека се доаѓа од ДУИ, меѓутоа не е од ДУИ туку од СДСМ и тоа организирано. Се обидуваат на секаков начин да и наштетат на Алијансата на Албанците, не знам зошто, не знам каде е логиката, меѓутоа мислам дека тие мислат дека ќе земат албански гласови ако и на наштета на Алијансата, рече Таравари во своето гостување.

Коронавирус