понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 58
home Вести

Таравари: Ова е циркуз држава, никаде во свет не се случило 45 луѓе да изгорат, претходно 14 луѓе, а никој да не сноси ниту морална одговорност

Таравари: Ова е циркуз држава, никаде во свет не се случило 45 луѓе да изгорат, претходно 14 луѓе, а никој да не сноси ниту морална одговорност

Се случи полицајка да се повреди, не може сама да се самоповреди, вакви случаи има многу, само во Гостивар одржав 25 прес конференции за злоупотреба на службена должност, никој никогаш не реагираше, ниту Обвинителство, ниту полиција, во оваа држава може да се направи, 45 луѓе ни изгореа, 14 претходно, никаде,никој во свет не се случило, а од тоа нема ниту морална одговорност, никој, ова е циркуз држава, критикуваше Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијанса за Албанците вечерва во гостувањето во Сител Телевизија.

Таравари критикуваше исто така дека копруптивноста е огромна, дека граѓаните и јавноста во оваа држава сеуште не знаат каде се однесоа милион ипол евра од Боки13. -Никој не дозна, во Мавровска се градеше објект без дозвола не се знаеше кој е сопственикот, па два месеци не се знаеше кој треба да го руши овој објект, на крај господинот Ахмети отиде и испи кафе таму, вели Таравари и појасни дека во оваа држава никој не им верува на институциите.

Коронавирус