четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 87
home Вести

Таравари: Откако Беса потпиша договор со СДСМ, нивните гласови доаѓаат кај Алијансата за Албанците

Таравари: Откако Беса потпиша договор со СДСМ, нивните гласови доаѓаат кај Алијансата за Албанците

Алијансата за Албанците на Централно собрание на 11 март ќе ги претстави сите имиња од кандидатските листи за предвремените парламентарни избори. Едно е сигурно дека во „шестата изборна единица Зијадин Села ќе го победи Али Ахмети“, изјави денеска генералниот секретар и шеф на Централниот изборен штаб на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари,  одговарајќи на новинарско прашање за финализирањето на листите на пратеници.

Таравари рече дека очекува да имаме фер и достоинствена кампања без навреди и уцени, како и без злоупотреба на власта.

Според него, сите места во изборните едници, кои претходно и припаѓаа на Беса, сега  „под дифолт“ и припаѓаат на Алијансата за Албанците, откако Движењето Беса потпиша договор за коалиција со СДСМ. Нелогично е, вели, една коалиција да има двајца членови на избирачки одбор.

Тој информираше дека доставиле барање до ДИК во однос на пополнувањето на изборните комисии со партиски членови и оти се надеваат дека ќе добијат одговор денеска или утре.

Најнови вести

Коронавирус