среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 166
home Вести

Таравари: Ние сме под партиска окупација на судството

Таравари: Ние сме под партиска окупација на судството

По тоа како течат работите посебно во правниот систем, јас сум скептик, би сакал да почнат утре преговорите со ЕУ, но меѓутоа знаете како стојат работите. Повторно има одредени забелешки пред се за правниот систем во Македонија. И потоа повторно ќе се разгледа дали ќе започнат преговорите, посочи Таравари при гостување во дебатната емисија на 1ТВ.

Таравари појасни дека владата оптимистички кажува дека во јуни ќе започнат, и тој е за да започнат не во јуни туку во април идната година, меѓутоа како течат работите во Македонија немаме никакви реформи во ниеден сегмент на живеењето.

-Треба да има знаци за подготвеност за реформи. Сите министри на ДУИ сега се судии. Судија Јакупи кој што беше во ДИК како претставник од ДУИ, денеска станал судија, тоа е скандал. Сите бивши функционери на ДУИ сега се судии. Ние сме под партиска окупација на судството, потенцира Таравари.

Коронавирус