петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 77
home Вести

Таравари најави протест за понеделник: Доста е веќе со полнење на кутии, оставете го народот сам да си гласа

Таравари најави протест за понеделник: Доста е веќе со полнење на кутии, оставете го народот сам да си гласа

Алијансата на Албанците и Алтернатива ќе одржат протестен марш со порака „Доста е“, со цел да го изразат револтот против злоупотреба на гласовите и полнење на кутиите на изборите, најави генералниот секретар на АА , Арбен Таравари во отвореното студио на ТВ 24.

Протестот ќе се одржи во понеделник и ќе почне од скопски Чаир, а предвидено е да заврши пред канцеларијата на ЕУ во Скопје и пред Државната изборна комисија.

-Во 21 век вие имате политичка партија којашто сè уште полни кутии. Пораката ќе биде доста е веќе со полнење на кутии. Оставете го народот сам да си гласа, да си ја изрази политичката определба и волја. Не ги злоупотребувајте гласовите и не гласајте по неколку пати, изјави Арбен Таравари, генерален секретар на АА.

Коронавирус