Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на социјалните мрежи ја објави пресудата од Управниот суд за тужбата која ја поднесе Општината пради ингеренциите во образованието кои им ги одзема Министерството за образование и наука и побара од министерот Адеми оставка.
– „Министерот за ‘ингеренции’ и ‘докторорот за правни науки’, според Управниот суд немал право кога ги одземал ингеренциите за образование на општина Гостивар. Почитуван ‘доценте’, врати ги ингеренциите, јавно извини се и поднеси си неотповиклива оставка, не поради мене, туку поради учениците и наставниците во Гостивар, кои ги малтретираш сега веќе 2 години! Правдата излезе на виделина!“, пишува Таравари денеска на Фејсбук.