сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 50
home Вести

Таравари: Филипче под итно треба да ги смени членовите на Комисијата за заразни болести

Таравари: Филипче под итно треба да ги смени членовите на Комисијата за заразни болести

„Јас да сум на место на министерот би се преиспитал и би ја викнал таа Комисија за заразни болести и би ја прашал за овие индикатори кои што објективизираат одредена ситуација“, истакна Арбен Таравари при своето гостување вечерва на „24 Анализа“.

Таравари додаде дека би требало министерот Комисијата за заразни болести треба да ја праша зошто има толкав морталитет во државата од КОВИД-19. Зошто бројот на инфицирани случаеви на милион граѓани Македонија е толку напред пред другите држави во регионот. Што е работата, каде е пропустот?

„Јас мислам дека и предлозите што ги даваат за рестрикции, не ги дава министерот, туку ги дава Комисијата за заразни болести. Јас искрено мислам дека одамна сум го кажал тоа пред три – четири месеци дека треба да ја смени таа Комисија.“, нагласи Таравари.

Таравари посочи дека Македонија е мала земја и дека има врвни епидемиолози кои ќе ја сработат работата многу подобро отколку членовите во актуелната Комисија.

Коронавирус