четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Таравари: Филипче оддржува премногу прес-конференции и делува како владин портпарол

Таравари: Филипче оддржува премногу прес-конференции и делува како владин портпарол

Што повеќе тестирања преку брзи тестови и приспособување на здравствените установи во Битола, Тетово, Штип и други каде што се лекува заболување на бели дробови, апелира поранешниот министер за здравство, Арбен Таравари.

Тој во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, зборувајќи од позиција на градоначалник на Гостивар, информираше за бројот на тестирани и заразени на таа територија.

-Генерално во Гостивар, ситуацијата е под контрола. Имаме 97 тестирани луѓе на цела територија на општината, само четири имаме инфицирани и еден излечен пациент кај кој се направени два тестови и се негативни, рече Таравари.

Смета дека Здравството засега добро се справува во борба против Ковид 19, но упати критики кон Венко Филипче.

-Здравството засега добро се справува со вирусот, освен што мислам дека министерот одржува премногу прес-конференции, доволно е да се појави два пати во неделата и да не делува како владин портпарол. Треба да се направат резервни капацитети, да не биде центрирано само во Скопје. Установите во Битола, Тетово, Штип, каде што се третираат заболувања на бели дробови, треба да бидат подготвени, порача Таравари.

Тој рече дека потребно е да се набават брзи тестови за тестирање на Ковид 19.

Оригиналниот текст видете го тука.

Коронавирус